Урсула Корберо привлече многу погледи во Венеција.
35-годишната шпанска актерка, која се прослави со улогата на Токио во хит-серијата „La casa de papel“ или „Money Heist“, заведуваше на црвениот тепих пред премиерата на нејзиниот нов филм „El Jokey“. Таа носеше црвен фустан со реси од колекцијата зима 2024 на Bottega Veneta.
Урсула беше придружувана од своето момче Чино Дарин со кого е во врска од 2016 година. Чино е аргентински актер кој таа го запозна на сетот на ТВ серијата „The Embassy“.