Емра Куртишова и Петар Стојанов слават една година во брак.
Македонските актери, кои запливаа во брачните води минатата година, го одбележаа овој ден со специјална објава на социјалните мрежи.
Емра, позната по улогата на Исаура во серијата „Преспав“, сподели свадбена фотографија на која се бакнува со саканиот и напиша: „Да ни се множат, љубави. Ти си единствениот којшто сакам да го нервирам до крајот на животот. Love youuuuu“.
Емра и Петар станаа родители во октомври минатата година. Нивната ќеркачка го доби името Лена.
Фотографии: Емра Куртишова / Instagram