Тејлор Свифт изгледа непрепознатливо на фотографиите од мајското издание на „Вог“.
Облечена во краток светкав фустан од Saint Laurent и црни чизми од Vetements, 26-годишната пејачка заведува со нов изглед од насловната страница на модната библија.

За едиторијалот, Свифт позираше во креации од врвните модни брендови Michael Kors, Marchesa, Calvin Klein, Marc Jacobs и Proenza Schouler. Фотографиите се дело на Мерт Алас и Маркус Пигот.





Славната музичка ѕвезда во интервјуто за списанието зборуваше за својата врска со диџејот Калвин Харис, опишувајќи ја како магична. „Сакам нештата да се случуваат природно. Во моментов сум во магична врска. Се разбира дека сакам да ја зачуваме во приватност и далеку од очите на јавноста... тоа е единственото нешто што е мое од мојот личен живот“ – рекла Тејлор.



