Огромниот успех во музичката индустрија ѝ ја донесе на Тејлор Свифт титулата Жена на годината, која ја доделува познатото американско музичко списание Billboard.
21-годишната пејачка е најмладата ѕвезда којашто успеала да го добие ваквото почесно признание.
„На млада возраст од 21 година, Тејлор веќе има огромно влијание во светот на музиката и е неверојатен идол за пејачите, текстописците и младите девојки од цел свет“ – изјавил Бил Верд од Billboard.
Претходни добитнички на ова признание се Бијонсе и Ферги.
За успехот на Тејлор зборува фактот што таа е изведувачот кој продал најмногу албуми во изминативе 12 месеци. Нејзиниот последен албум „Speak Now“ само во САД е продаден во повеќе од 3 милиони примероци.