Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Те сакаме брат“: Членовите од групата One Direction со емотивни пораки се збогуваа со Лиам Пејн кој почина на 31 година

„Те сакаме брат“: Членовите од групата One Direction со емотивни пораки се збогуваа со Лиам Пејн кој почина на 31 година

Хари Стајлс, Зејн Малик, Луис Томлинсон и Најл Хоран се скршени поради смртта на Лиам Пејн, со кого заедно настапуваа во бендот One Direction.

По смртта на 31-годишниот пејач по пад од балкон во хотел во Аргентина, неговите пријатели ги искористија социјалните мрежи за да изразат сочувство до семејството и да се збогуваат со него.

One Direction

Зејн Малик

Лиам, започнав сам да си зборувам со надеж дека ќе ме слушнеш. Не можам, а да не мислам себично дека ни останаа уште многу разговори за нас во нашите животи. Никогаш не ти се заблагодарив што ми беше поддршка низ некои од најтешките моменти во животот. Кога ми недостигаше домот како 17-годишно дете, ти секогаш беше таму со позитивен став и утешна насмевка, покажувајќи ми дека ми си пријател и дека сум сакан...

Кога станува збор за музиката Лиам, тие беше најквалификуваниот во секоја смисла. Не знаев ништо во споредба со тебе, бев само дете без искуство, а ти веќе беше професионалец. Секогаш бев среќен што знаев дека без разлика што ќе се случи на сцената, секогаш можевме да сметаме на тебе за да ни кажеш во кој правец да го насочиме бродот следно.

Изгубив брат кога нè напушти и не можам да ти опишам што сè би дал за да те гушнам за последен пат и соодветно да се збогувам, да ти кажам дека те сакав и почитував премногу. Ќе ги ценам сите спомени кои ги имам со тебе во моето срце засекогаш. Не постојат зборови кои можат да опишат како се чувствувам во моментот освен дека сум скршен. Се надевам дека каде и да си сега, дека си добро и дека си во мир. Знај колку многу си сакан. Те сакам брат.

One Direction

Хари Стајлс

Навистина сум скршен по смртта на Лиам. Негова најголема радост беше да ги усреќува другите луѓе и беше чест да се биде покрај него додека го правеше тоа.

Лиам живееше отворено и имаше енергија за живот која беше заразна. Беше топол, грижлив и полн со поддршка. Годините кои ги поминавме заедно засекогаш ќе останат помеѓу моите најдраги спомени во животот. Засекогаш ќе ми недостигаш, мој прекрасен пријателу.

Моето срце се крши за Карен, Геоф, Никола и Рут, неговиот син Беар, како и за сите околу светот што го познаваа и сакаа, како мене.

One Direction

Луис Томлинсон

Уништен сум што го пишувам ова, но вчера изгубив брат. Лиам беше некој на кого се огледував секој ден, толку позитивна, забавна и мила душа.

Првпат го запознав Лиам кога тој имаше 16, а јас 18 години и се воодушевив од неговиот глас, но поважно е што со текот на времето во него го видов милиот брат за којшто копнеев целиот мој живот...

Порака за тебе Лиам ако слушаш:

Се чувствувам повеќе од среќник што те имав во мојот живот, но се борам со идејата да ти речам збогум. Благодарен сум што се зближивме од бендот, зборувајќи на телефон со часови, потсетувајќи се на илјадниците неверојатни спомени кои ги имавме заедно... Би сакал да ја споделев уште еднаш сцената со тебе, но не било судено.

Сакам да знаеш дека ако твојот син Беар некогаш има потреба од мене, јас ќе му бидам вујкото кој му треба во животот и ќе му раскажувам колку неверојатен беше татко му. Посакувам да имав шанса да се збогувам со тебе и уште еднаш да ти кажам колку те сакав.

Пејно, мое момче, еден од моите најдобри пријатели, мој брат, те сакам другар. Спиј мирно.

One Direction

Најл Хоран

Зејн отпатува во Аргентина за да присуствува на концертот на неговиот пријател Најл, со кого беа заедно во One Direction. На почетокот од месецот тој го посети музичкиот настан заедно со својата девојка Кејт Кесиди.

Најл се огласи и на социјалните мрежи и во пораката од целата група One Direction, каде стои стои:

„Комплетно сме скршени од веста за смртта на Лиам. Со текот на времето, кога сите ќе бидеме способни, ќе кажеме повеќе. Но засега, ќе си одделиме време за да тагуваме и да ја процесираме смртта на нашиот брат, кој многу го сакавме.“

„Спомените кои ги споделивме со него ќе бидат ценети засекогаш. Засега, нашите мисли се со неговото семејство, неговите пријатели и фановите кои го сакаа заедно со нас. Ќе ни недостига ужасно. Те сакаме, Лиам“.

One Direction

Лиам, Зејн, Луис, Хари и Најл беа вклучени во One Direction по нивните индивидуални аудиции на X Factor во 2010 година.

One Direction One Direction

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.