Џими Кимел има два поводи за славење. 49-годишниот водител и комедијант сподели дека неговата сопруга е бремена и дека тој ќе биде водител на Оскарите следната година.
Ова ќе биде второ заедничко дете на Џими и Моли Мекнири. Кимел има уште две деца со поранешната сопруга Џина.

„Направивме ултразвук, што е чудно бидејќи е како веќе да го шпионираме бебето. Го замоливме докторот да не ни кажува дали е момче или девојче. Нашиот план е да му дозволиме на бебето да одлучи за себе. Сакаме да биде изненадување, но јас се обидував да смислам имиња кои можат да се вклопат и за момче и за девојче“ – изјави популарниот водител во своето шоу.
„Возбудливи нешта се случуваат. Честитки за мене. Ќе ги водам Оскарите и имав секс. Две нешта за кои како тинејџер не мислев дека се возможни“ – се пошегува Кимел.
ВИДЕО:

Џими и Моли стапија во брак во 2013 година, а нивната ќерка Џејн се роди во јули 2014.


Доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки по 89. пат ќе се одржи на 26 февруари 2017.