Џими Кимел ги разнежни своите фанови откако по кратко отсуство се врати на телевизиските екрани заедно со малиот син Били.
Славниот водител направи пауза за да може да биде со семејството, затоа што 7-месечното детенце беше оперирано по вторпат.

„Отсуствував минатата седмица, бидејќи ова момче имаше операција на срцето. Но, погледнете сите, тој е добро“ - рече Кимел со растреперен глас.
Откако солзите започнаа да навираат во неговите очи, Џими се пошегува: „Тато плаче на ТВ, но Били не... неверојатно.“
Видео

Били се роди на 21 април, но три часа по раѓањето, медицинската сестра која го прегледувала чула шум во неговото срце и забележала дека телото му е малку виолетово.
Докторите веднаш го прегледале новороденчето и утврдиле дека не прима доволно кислород. Нему му била дијагностицирана срцева болест (Тетралогија Фалот) и минало низ тричасовна успешна операција на отворено срце.

Слаткото детенце го очекува и трета операција кога ќе потпорасне.

Били е второ заедничко дете на Џими и Моли Мекнири. Кимел има уште две деца со поранешната сопруга Џина.
