Џими Кимел дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за операцијата на срцето на неговото новородено синче, само неколку дена по раѓањето.
Во своето шоу, 49-годишниот водител соопшти дека неговото четврто дете се родило на 21 април, но три часа по раѓањето, медицинската сестра која го прегледувала чула шум во неговото срце и забележала дека телото му е малку виолетово.
Докторите веднаш го прегледале новороденчето и утврдиле дека не прима доволно кислород. Нему му била дијагностицирана срцева болест (Тетралогија Фалот).
Момчето, кое го доби името Вилијам Џон Кимел, минало низ тричасовна успешна операција на отворено срце.

Втора операција ќе мора да биде направена за три до шест месеци, а кога момчето ќе потпорасне, ќе мине и низ трет хируршки зафат. „Тоа беа најдолгите три часа во мојот живот“ – вели Кимел во видеото.
ВИДЕО:


И покрај тешкиот период низ кој минува, Џими не ја изгуби смислата за хумор и на повеќепати се шегува во видеото.
Тој им се заблагодари на сите медицински лица кои се грижеле за здравјето на неговото малечко чедо.
Вилијам е второ заедничко дете на Џими и Моли Мекнири. Кимел има уште две деца со поранешната сопруга Џина.
И Моли сподели нова фотографија и напиша: „Благодарна сум што ги сакам и што сум сакана од овие двајца храбри момци. И двајцата плачковци.“
I am thankful to love and be loved by these two brave guys. Both criers. pic.twitter.com/NL0C3K3Q4E
— Molly McNearney (@mollymcnearney) May 2, 2017

