Таско сподели радосна вест. Македонскиот рапер, чие целосно име е Христијан Тасковски, со сопругата Наташа го добија второто детенце.
На Instagram, тој го откри името на новородената ќеркичка. „Добредојде Кирјана“ – стои во неговата објава, додека во позадина свири песната „Postao Sam Ćale“.
Таско и Наташа стапија во брак во 2022 година. Тие имаат и едногодишно синче, кое се вика Лукијан.