Присуството на Талија на кој било настан не може да помине незабележано. 47-годишната актерка, која сигурно ја паметите како „Росалинда“ во истоимената серија, блесна на црвениот тепих на доделувањето на Premio Lo Nuestro.
Мексиканската убавица зачекори на свеченоста во впечатлива креација од Зијад Накад, обувки од Џанвито Роси и чантичка од Џудит Либер.















Талија настапи на сцената со две свои соработнички, од кои едната е Лили Еспозито, позната по својата улога во серијата „Casi Angeles“ (Ангели). Тие ја изведија нивната нова песна „Lindo Pero Bruto“.




