Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дама во црвено: „Росалинда“ со младешки стајлинг блесна покрај сопругот по нивната 17-годишнина од бракот

Дама во црвено: „Росалинда“ со младешки стајлинг блесна покрај сопругот по нивната 17-годишнина од бракот

Талија блесна на премиерата на „15: A Quinceanera Story“. Шармантната актерка и пејачка, која кај нас е позната по улогата на Росалинда во истоимената серија, мамеше воздишки во младешки стајлинг во кој наликуваше на модерна принцеза.

На филмскиот настан, 46-годишната Мексиканка се појави во впечатлива црвена креација од ателјето на дизајнерот Чарбел Зое. Стилскиот избор таа со надополни со чантичка од Џудит Либер и сандали од сопствената колекција.

Талија Талија Талија Талија Талија Талија Талија

Талија беше придружувана од својот сопруг Томи Мотола, со кого е во брак 17 години.

Талија Талија Талија Талија

„15: A Quinceañera Story“ е колекција од четири филма, продуцирани од Томи, а режирани од Талија и Метју О’Нил.

Талија Талија Талија

Парот со слатки видеа од специјални моменти од своите животи си ја честиташе годишнината од бракот.

„Пред 17 години, во студена декемвриска ноќ, нашите соништа станаа реалност и ние се заколнавме дека ќе се сакаме засекогаш. Среќна годишнина љубов моја! Те сакам“ – напиша Талија.

A post shared by Thalia (@thalia) on

„Среќна годишнина. Јас сум најсреќниот маж на светот што го имам овој ангел!“ – напиша Томи.

A post shared by TM (@tommymottola) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.