Талија беше меѓу водителите на овогодишните „Latin Grammy Awards“. 51-годишната пејачка и актерка изгледаше одлично во гламурозен стајлинг на церемонијата за доделувањето на наградата Личност на годината во рамките на 23-тото издание на манифестацијата.
Атрактивната ѕвезда, која кај нас е позната по улогата на Росалинда во истоимената серија, мамеше погледи во комбинезон и сако. Таа привлече само комплименти за младоликиот изглед.