Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Така ти е, сине мој“: Северина со моќна балада за синот која ја напиша по одземањето на старателството

„Така ти е, сине мој“: Северина со моќна балада за синот која ја напиша по одземањето на старателството

Северина настапи во финалето на шоуто „SuperStar“ и за првпат ја изведе својата нова песна „Така ти е, сине мој“. Оваа моќна балада, 52-годишната пејачка ја напишала во револт по одземањето на старателството врз синот Александар.

Северина водеше тешка борба со поранешниот партнер Милан Поповиќ и на почетокот на годината беше објавена пресудата дека детето ќе биде вратено кај таткото.

Хрватската музичка ѕвезда не можела да поверува што се случува и разочарана ја напишала баладата која започнува со зборовите „Tako ti je sine moj, kad sitna bagra zgrabi vlast, pa uči drugog šta je čast, taj ne zna šta je sram.“.

Видео:

„Ова е песна за сите, една лекција која мајка му ја кажува на своето дете. Почнав да ја пишувам на почетокот од годината, за да ги ‘истресам’ од себе тагата и бесот кои ме обзедоа по онаа пресуда на Врховниот суд. Меѓутоа, тогаш не можев да ја објавам. Но, сега ја завршив, поттикната од сето она што им се случува на сите мајки кои се борат за своите деца. Ова е за сите татковци кои не знаат на своите девојчиња да им објаснат ако некој ги малтретира во школо. Ова е песна за нашите пензионери кои едвај врзуваат крај со крај, за нашите просветни работници кои штрајкуваат. Ова е песна за лекарите, медицински сестри кои имаат тешки услови за работа. Ова е песна за сите кои ќе се пронајдат во неа“ - изјави Северина.

Северина Северина Северина Северина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20572 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.