Пред речиси два месеци беше објавено дека Мараја Кери и милијардерот Џејмс Пакер ја раскинаа свршувачката. Познатата пејачка не чекаше долго време пред да се фрли во прегратка на ново момче.
46-годишната музичарка беше фотографирана на плажа на Хаваи со 33-годишниот кореограф и танчар Брајан Танака. Неколку недели се шпекулираше дека тие се со врска, а новите фотографии го потврдуваат тоа.





















По објавувањето на фотографиите од новиот пар, поранешниот сопруг на Мараја, Ник Кенон, сподели слични фотографии на Instagram од нивни одмор пред многу години. Тие беа во брак од 2008 до 2014 година, кога Ник поднесе документи за развод.