Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Срцето ми се крши за неговиот син“: Славните лица со емотивни пораки и фотографии се збогуваат со Лиам Пејн

„Срцето ми се крши за неговиот син“: Славните лица со емотивни пораки и фотографии се збогуваат со Лиам Пејн

Светот тагува поради ненадејната смрт на Лиам Пејн, кој почина по пад од балкон во Буенос Аирес.

Поранешниот член на групата One Direction имаше само 31 година и зад себе го остави 7-годишното синче Беар кое го има со пејачката Шерил.

Лиам Пејн

Неговото семејство се огласи за првпат, а и голем број славни личности, поранешни учесници на X Factor и негови соработници на социјалните мрежи споделија фотографии и емотивни пораки за да се збогуваат со него.

Изјавата од семејството

„Скршени ни се срцата. Лиам секогаш ќе биде во нашите срца и ќе го памтиме по неговата добра, забавна и смела душа. Се поддржуваме еден со друг најдобро што умееме како семејство и бараме приватност во овој ужасен период.“

Лиам Пејн

Чарли Пут

„Во моментов сум во шок. Лиам отсекогаш беше многу љубезен кон мене. Тој беше еден од првите познати артисти со кои можев да работам. Не можам да поверувам дека го нема... Многу ми е жал.“

Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн

Ен Твист

Мајката на Хари Стајлс, со кого Лиам настапуваше во бендот One Direction, сподели скршено срце и напиша: „Беше само дете...“.

Лиам Пејн

Оли Мур

„Оваа вест е вознемирувачка, останав без зборови. Секогаш добро се смеевме кога ќе се видевме, понекогаш разговорите беа само кратки и слатки, но најчесто беа колку неговата фризура секогаш изгледа иритирачки добро, за старите добри денови на X Factor или заедничките турнеи. Лиам имаше исти страсти и соништа како мене, па тоа што гледам дека неговиот живот заврши толку млад многу ме погоди. Навистина сум погоден и скршен за неговиот татко и се разбира, за неговиот син Беар кој загуби татко. Мислам на нив. Почивај во мир Лиам.“

Лиам Пејн

Диџеј Скот Милс

„Ова е навистина тешко да се прифати. Никогаш, ниту во милион години, не би помислил дека ќе треба толку брзо да се збогуваме со тебе Лиам. Колку многу се забавувавме тогаш и сега се чувствувам неверојатно тажно. Им ја испраќам мојата љубов и сила на неговото семејство, на неговите пријатели, а особено на неговиот син.“

Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн

Парис Хилтон

„Многу сум вознемирена од веста за смртта на Лиам Пејн. Испраќам сочувство и љубов до неговото семејство и саканите.“

Рок бендот McFly

„Шокирани сме и екстремно сме тажни што се будиме со веста за смртта на Лиам Пејн. Нашите мисли и нашата љубов се со неговото семејство и пријателите во овој тежок период.“

Карен Елсон

„Посакувам веста за Лиам Пејн да беше лажна. Срцето ми се крши за неговото семејство, особено за неговиот син Беар. Почивај во мир.“

Шер Лојд

„Од заедничките концерти, домашните посети додека снимавме, до одењето на турнеи заедно и гледањето како си ги остваруваше соништата. Ќе ги ценам спомените кои ги создадовме и смеата која ја имавме. Моите мисли се со твоето семејство и пријателите, со сите кои те сакаат. Моето срце е скршено за твојот син Беар. Почивај во мир Лиам.“

Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн Лиам Пејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.