Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Срцето ми е скршено“: Мараја Кери сподели дека мајка ѝ и сестра ѝ починале во ист ден

„Срцето ми е скршено“: Мараја Кери сподели дека мајка ѝ и сестра ѝ починале во ист ден

Мараја Кери тажи за загубата на мајка ѝ Патриша и сестра ѝ Алисон кои починале на ист ден изминатиов викенд.

55-годишната пејачка ја потврди трагичната вест во изјава за People.

„Срцето ми е скршено што ја изгубив мајка ми изминатиов викенд. За жал, во трагичен пресврт на настаните, сестра ми го загуби животот на истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да го поминам изминатиот викенд со мајка ми пред да почине. Ја ценам љубовта и поддршката од сите и почитувањето на мојата приватност во ова невозможно време“ – стои во изјавата на Мараја.

Мараја Кери Мараја Кери

Не се познати други детали за смртта на 87-годишната Патриша и 63-годишната Алисон.

Кери во својот мемоар напиша дека имала комплицирана врска со мајка си во текот на својот живот.

„Никогаш не беше само црно-бело, туку беше цело виножито од емоции“ – напиша таа.

Мараја Кери

Врската на Мараја со сестра ѝ исто така била комплексна. Алисон беше поранешна зависничка од дрога и беше ХИВ-позитивна.

„Емоционално и физички е побезбедно за мене да немам никакви контакти“ – стои во мемоарот на Мараја.

Мараја Кери Мараја Кери Мараја Кери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.