Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Српската водителка Марија Килибарда стана мајка на 44-годишна возраст

Српската водителка Марија Килибарда стана мајка на 44-годишна возраст

Марија Килибарда го доби првото дете со Бане Вучелиќ.

Убавата српска водителка стана мајка на 44 години, а нејзината новородена ќерка го добила името Сења. Марија се породила во приватна болница во Белград, а пораѓањето поминало во најдобар ред.

Марија Килибарда Марија Килибарда

Марија, која беше водителка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, е во врска со Бане веќе четири години.

Марија Килибарда Марија Килибарда

„Првпат во животот партнерот ми е најдобар пријател. Порано мислев дека тоа не го сакам, дека имам свои пријатели, дека од партнерот ми се потребни други работи. Дека секој ден мора да се случува огномет од страст и дека мораме сè да правиме заедно. Таквата врска гуши. Таквиот однос не е здрав, не е квалитетен долгорочно.“

„Вистинската работа е да имаш некој чиј број ќе го свртиш кога и да ти се случи нешто важно. Го сакаш неговото мислење, знаеш дека ти е ветер во грбот и поддршка“ – рекла таа во една прилика.

Марија Килибарда Марија Килибарда

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.