Ријана и Ејсап Роки ги одведоа своите мали дечиња на одмор на Барбадос.
Во родниот крај на 36-годишната пејачка, среќното семејство заедно пливаше и се забавуваше на плажа. Ријана носеше црн фустан над костимот за капење додека ги држеше двегодишниот Риза и едногодишниот Рајот.
Ријана и Ејсап Роки започнаа да се состануваат во 2020 година. Тие пред неколку дена беа фотографирани од папараците додека се забавуваа на јахта со пријатели.