Помалата ќерка на Мила Јовович наполни 4 години. Славната актерка сподели неодоливи фотографии од роденденот на синооката Дашиел Иден, која задоволно позира со широка насмевка.





„Среќен роденден на моето слатко, грижливо, темпераментно и забавно мало цвеќе Дашиел Иден! Радост е да се гледа и да се биде дел од умната и чувствителна мала личности во која се претвори оваа година! Со твојата внимателност, правиш сите околу тебе да се чувствуваат специјално! Бог нека ти ја донесе целата среќа што ја заслужуваш во животот ти блескава, насмеана, мала самовила. Твоето семејство премногу те сака“ – стои во честитката на 43-годишната ѕвезда од „Resident Evil“.












Дел од фотографиите се направени во руското училиште во кое девојчето посетува часови за деца од претшколска возраст.


Славната актерка со црногорско потекло, чие вистинско име е Милица Богдановна Јовович, е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 година. Тие имаат уште една ќерка Евер Габо, која е вистинска копија на мајка си.