Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Спотот на Ѓоко Танески за песната „Јас ја имам силата“

Спотот на Ѓоко Танески за песната „Јас ја имам силата“

Вчера беше промовиран спотот на Ѓоко Танески за песната „Јас ја имам силата“ со која ќе нè претставува на Евровизија 2010 во Осло, Норвешка. Видеото е изработено од „Томато продукција“, а е во режија на Бане Поповиќ.

Иако неофицијално беше најавено дека на крајот од спотот ќе бидат испишани зборовите My name is Macedonia (Моето име е Македонија), по желба на режисерот пораката на спотот е My name is love (Моето име е љубов).

Во спотот, освен Ѓоко се појавуваат раперот Били Ѕвер, гитаристот Дамјан Пејчиноски и десетина македонски манекенки. Облечени во пролетни креации на дизајнерката Елена Лука, македонските убавици го разубавуваат спотот.

Погледнете го спотот што треба да ја освои европската публика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20810 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.