Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Смело или одвратно? Лола Кирк со влакнести пазуви на црвениот тепих на „Златен глобус“

Смело или одвратно? Лола Кирк со влакнести пазуви на црвениот тепих на „Златен глобус“

Лола Кирк стана повод за дебати по дефилирањето на црвениот тепих на „Златен глобус 2017“.

26-годишната актерка го привлече вниманието со видливите влакна под пазувите. Додека многумина имаа позитивни коментари за нејзината храброст и започнаа асоцијации со феминизам, не изостанаа и негативните коментари дека тоа е нехигиенски и одвратно.

Лола Кирк Лола Кирк Лола Кирк Лола Кирк Лола Кирк

Модната библија „Vogue“ имаше коментар дека таа ги „скрши“ конвенционалните холивудски норми, појавувајќи се со видливо подраснати влакна под пазуви. Но, критичарите не штедеа остри зборови и навреди.

Ѕвездата од „Mozart in the Jungle“ доби закани по живот, па на Instagram напиша: „Ок! Сега навистина сум подготвена. Ви благодарам вам прекрасни луѓе кои не ми испративте смртни закани заради моите #неверојатни #влакнести пазуви!“

Лола Кирк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.