Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс беа дел од бројните ѕвезди кои присуствуваа на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во Беверли Хилс.
Како и секогаш, холивускиот пар привлече големо внимание со својот елегантен изглед.
29-годишната актерка изгледаше гламурозно во црн фустан со блескави детали од Версаче додека позираше на црвениот тепих покрај својот сакан. Својот стилски избор, Лајвли го надополни со накит од Лорејн Шварц и обувки од Кристијан Лобутин.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ пред три месеци го роди своето второ дете и веќе се врати во одлична форма.
За улогата во „Deadpool“, Рејнолдс беше номиниран во категоријата Најдобар актер во мјузикл или комедија, но не успеа да ја добие посакувата награда.
Лајвли и Рејнолдс стапија во брак на 9 септември 2012 година. Тие заедно имаат две ќерки – двегодишната Џејмс и тримесечната Инес.