Софија Вергара блесна на доделувањето на наградите „Златен глобус“, кое синоќа се одржа во Беверли Хилс. Својот изглед за големата филмска манифестација, 44-годишната актерка му го довери на талентираниот дизајнер Зухаир Мурад.
Ѕвездата од серијата „Modern Family“ изгледаше како модна божица во креацијата од високата мода на познатиот Либанец. Својот стајлинг, таа го комплетира со накит од Лорејн Шварц.