Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Славните лица со фотографии и емотивни пораки се збогуваат со Карл Лагерфелд

Славните лица со фотографии и емотивни пораки се збогуваат со Карл Лагерфелд

Модниот свет вчера го изгуби Карл Лагерфелд, генијалецот без влакна на јазикот кој пред повеќе од три децении вдахна свежина и нова трансформативна енергија во Шанел.

Карл Лагерфелд

Смртта и официјално беше потврдена од Шанел со порака која ја опишува големината на Лагерфелд.

„Карл беше неверојатно креативна индивидуа која ги пресоздаде одново кодовите на брендот креирани од Габриел Шанел: костумот и сакото ШАНЕЛ, малиот црн фустан, скапоцениот твид, двобојните чевли, чантичките, бисерите и бижутеријата. За Габриел Шанел тој рече: 'Работа ми е не да го правам тоа што таа го правеше, туку она што таа би го правела. Доброто кај Шанел е што е идеја која можеш да ја адаптираш на многу нешта.' Како креативен ум со бескрајна фантазија, Карл Лагерфелд истражуваше многу артистички хоризонти, вклучително фотографија и кратки филмови“ - пишува во пораката.

Славните личности, кои низ годините имале привилегија да соработуваат со Карл, ја изразија својата тага преку пораки и споделија фотографии во негово сеќавање.

Донатела Версаче

„Карл, твојата генијалност ги допре животите на многумина, особено мојот и на Џани. Никогаш нема да го заборавиме твојот неверојатен талент и бескрајната инспирација. Секогаш учевме од тебе.“

Ана Винтур

„Денес светот изгуби џин меѓу луѓето. Карл беше многу повеќе од најголемиот дизајнер – неговата креативна генијалност одземаше здив, а да си негов пријател беше исклучителен дар. Карл беше брилијантен, беше дрзок, беше смешен, беше неизмерно дарежлив и длабоко добродушен. Многу ќе ми недостига.“

Клаудија Шифер

„Карл беше магична прашина, тој ме трансформираше од срамежлива германска девојка во супермодел. Ме учеше за мода, стил и преживување во модниот бизнис. Она што беше Ворхол за уметноста, тоа беше тој за модата – тој е незаменлив. Тој е единствената личност која можеше да ги направи колоритни црното и белото! Бескрајно ќе му бидам благодарна.“

Викторија Бекам

„Карл беше гениј и секогаш беше многу љубезен и дарежлив кон мене лично и професионално. Почивај во мир.“

Меланија Трамп

„Денес светот изгуби креативен гениј. Ќе ни недостигаш, Карл.“

Даен Кругер

„Не можам да ти опишам колку ми значеше и колку ќе ми недостигаш. Никогаш нема да ја заборавам твојата добрина кон мене, твоите насмевки, твојата имагинација. Неделава дојдов во Франција за да те видам и да те запознаам со ќерка ми... Срцето ми е скршено затоа што задоцнив. Почивај во мир, те обожавам.“

Ријана

View this post on Instagram

The Godfather. #

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

View this post on Instagram

KARL.

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Бела Хадид

„Ти благодарам за инспирацијата која му ја даде на светот и за сите срца кои притоа ги допре. Секојпат кога ќе те видев, се чувствував како првиот пат и многу ќе ми недостигаат твоите прегратки. Среќна сум што бев во твое присуство. Испраќам љубов до семејството Лагерфелд и сите негови блиски. Многу ми е жал. Сите те сакаме многу. Почивај во мир.“

Џиџи Хадид

„Карл, ќе ми недостига твоето неверојатно присуство, да го гледам твојот спокоен, тивок и генијален ум додека работи, твоите мали шеги, неверојатни стории и искусувањето на облеката, сетовите и продукциите кои само ти можеш да ги измислиш. Ти благодарам што веруваше во мене и за прекрасните можности кои ги донесе во мојата кариера. Но, најмногу од сè, ти благодарам за честа да ја запознаат магијата зад митот. Никогаш нема да има друг Карл Лагерфелд.“

Елтон Џон

„Каков талент. Каков апетит за живот. Никогаш здодевен момент.“

Ким Кардашијан

„Изгубивме вистинска легенда! Ти беше голема инспирација за светот! Ти ја снимаше мојата прва модна фотосесија, а јас имав многу трема што ќе работам со таква икона! Светот е пошик затоа што постоеше ти! Почестена сум што те познавав и што имав можност да работам со тебе. Ти си многу сакан и многу ќе недостасуваш.“

Наоми Кембел

„Ти благодарам, ти благодарам, ти благодарам! Што ѝ даде шанса на 16-годишна девојка од Јужен Лондон и што ми ги отвори очите. Почивај со Најголемите!“

Кендал Џенер

„Денес е единствената полна супермесечина во девица годинава. Каква чест беше да се биде дел од твоите шоуа. Каква чест беше да се биде твоја невеста. Каква чест беше да се биде твој пријател. Секогаш ќе те паметиме, Девице.“

Пенелопе Круз

„Секогаш ќе има место во моето срце за тебе, драг Карл. Никогаш нема да ја заборавам твојата добрина, твојата дарежливост и колку многу се смеевме заедно... Вистински ќе ги ценам тие моменти засекогаш. Нè инспирираше на многу начини! Благодарам, маестро. Те сакам.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20937 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.