Малиот син на Луисана Лопилато и Мајкл Бубле има 90% шанси да го победи ракот според прогнозите на докторите.
Пред околу една недела, славниот пар ги извести своите обожаватели дека нивниот тригодишен син Ноа боледува од рак, а неколку дена подоцна аргентинското списание „Gente“ објави дека станува збор за рак на црниот дроб. Докторите им ја соопштиле лошата вест на родителите на 1 ноември, откако на Ноа му била направена биопсија на црниот дроб.


Ноа во моментов прима хемотерапија, а лекувањето ќе трае четири месеци. По завршувањето на третманот, можно е малото момче да биде подложено на операција за отстранување на туморот.



Претходно се шпекулираше во јавноста дека Ноа има леукемија, но Даниела, сестрата на Луисана, за аргентинските медиуми ги отфрли таквите шпекулации и рече дека е цврсто убедена дека нејзиниот внук ќе ја победи болеста.
„Ракот е ужасна болест, но силно веруваме дека Ноа ќе успее да ја победи. Ако Бог сакал да откриеме на овој начин, тоа е затоа што сака да го спаси Ноа. Велат дека децата најчесто се силни кога ќе минуваат низ хемотерапија, а мојот внук е вистински воин“ – рекла таа.
