СОС Детско село иницира интересен предизвик со добра цел. Добротворната организација нè поттикнува да ги отвориме албумите со стари фотографии и да споделиме убави спомени од детството.
„Искрено, колку време не си ги отворил старите албуми и кутии со слики? Аха, вистински слики, не слики во телефон. Епа, сега е вистински момент за тоа!“
„Отвори ги старите албуми и најди некоја слика која ќе ти предизвика убаво сеќавање од детството и најголема насмевка. Приклучи се на нашата кампања #СетиСЕ и ајде заедно да создадеме убави спомени за секое дете!“ – пишуваат од СОС Детско село.
Во овој предизвик се вклучија бројни славни личности, меѓу кои и Каролина Гочева, Калиопи, Васил Зафирчев, Александар Тарабунов и Весна Петрушевска.
Погледнете ги нивните објави: