Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион трогната до солзи на премиерата на документарецот за нејзиниот живот и борбата со неизлечлив синдром

Селин Дион трогната до солзи на премиерата на документарецот за нејзиниот живот и борбата со неизлечлив синдром

Селин Дион имаше ретко, но значајно појавување во јавност. 56-годишната пејачка, која се повлече од сцената поради дијагнозата со неизлечлив редок синдром, сега повторно застана под рефлекторите за да го промовира својот документарен филм „I Am: Celine Dion“.

Филмот го следи нејзиниот живот, кариерата и тешката борба со синдромот на вкочанета личност (Stiff Person Syndrome) кој ги претвора луѓето во живи статуи.

На премиерното прикажување на филмот во Њујорк, Дион изгледаше шармантно во елегантна бела комбинација. Музичката ѕвезда со феноменален глас беше толку трогната од поддршката на своите фанови и многуте емоции кои вирееја во воздухот, што заплака додека го држеше својот говор.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

„Не можам да поверувам колку голема среќничка сум што ги имам моите фанови и мојот живот. Ви благодарам. Овој филм е моето љубовно писмо за секој од вас. Се надевам дека ќе ве видам сите вас, многу наскоро“ – рече Селин и доби громогласен аплауз.

Во трејлерот за филмот, Селин открива колку многу ѝ недостигаат концертите и конекцијата со публиката. Таа ветува дека ќе даде сè од себе за повторно да се врати на сцената. „Ми недостигаат. Ако не можам да одам, ќе ползам“ – вели таа низ солзи.

Селин позираше на настанот со својот 23-годишен син.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Селин 17 години се борела со оваа болест, пред да ја открие дијагнозата пред јавноста во 2022 година.

Синдромот на вкочанета личност е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Симптомите вклучуваат мускулни грчеви, неможност за наведнување, болка и хронична анксиозност. Мускулните грчеви можат да бидат толку силни, што да доведат до изместување на зглобови и дури и кршење на коските. Пациентите може да завршат во количка или да бидат неподвижни, често не можат да работат и да се грижат за себе.

Нема лек за овој синдром, но постојат третмани кои помагаат за ублажување на симптомите.

Селин Дион

Трејлер за „I Am: Celine Dion“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19780 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.