Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион на 51 година стана бренд амбасадор на L'Oréal, се отвори за животот по смртта на сопругот и критиките за тежината

Селин Дион на 51 година стана бренд амбасадор на L'Oréal, се отвори за животот по смртта на сопругот и критиките за тежината

По тешката загуба на сопругот кој со децении ја водеше низ животот и кариерата, Селин Дион самостојно го засилува присуството на шоу-бизнис сцената.

51-годишната ѕвезда денес беше прогласена за нов глобален амбасадор на L'Oréal, а промовирајќи ја новата улога, таа се отвори за животот по смртта на Рене и го сподели својот оптимизам за иднината.

Селин Дион Селин Дион

„Не смееш да престанеш да живееш и да се движиш напред. Денес е првиот ден од почетокот на мојот живот, затоа што знам дека не морам да се грижам. Се чувствувам посилна, поубава, поприземна. Со зреењето доаѓаат и моќ и сила“ – изјави таа.

Селин и Рене беа благословени со три сина – 18-годишниот Рене-Чарлс и 8-годишните близнаци Нелсон и Еди. За улогата на самохрана мајка, таа вели: „Сметам дека Рене ми даде многу сила и моќ и позитивност... Никогаш нема да бидам татко, но сега како да имам дупла работа како родител, па сега сум родители. Децата растат, ги гледам и се чувствувам добро, ние добро си ја завршивме работата и сум горда.“

Селин Дион Селин Дион

Во изминативе месеци, Селин беше во центарот на многу критики околу нејзината слаба фигура. Таа тврди дека слабеењето е резултат на нејзината посветеност на танцувањето. „Слаба сум? Вистина е дека сум малку послаба. Сè е во ред. Нема никаков проблем. Открив нова страст – танцување... Луѓето велат: ‘Таа е многу послаба’, но јас работам напорно. Сакам да се движам, а со тоа доаѓа и губењето тежина.“

Селин Дион Селин Дион Селин Дион

По неколкумесечните шпекулации дека е во врска со 16-години помладиот танчар Пепе Муноз, Селин на прашањето дали е заљубена одговори: „Заљубена сум. Љубовта не значи да се омажиш. Кога гледам виножито, кога гледам зајдисонце или прекрасна танц кореографија, се смеам, плачам. Секоја вечер сум на сцена, затоа што го сакам она што го правам, па да, многу сум заљубена.“

Селин Дион Селин Дион

За новата соработка со L'Oréal, таа споделува: „Во шок сум. Никогаш, никогаш не очекував вакво нешто. Никогаш не сум се чувствувала толку убава и силна и навистина мислам дека најдоброто ми претстои.“

Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18915 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.