Селин Дион плива во дизајнерските води. 48-годишната пејачка ја креираше својата прва колекција модни додатоци во соработка со Bugatti Group.
На промотивниот настан во Лас Вегас, музичката дива се појави во стајлинг инспириран од „Кралицата на срцата“. Целосната комбинација доаѓа од колекцијата висока мода пролет 2017 на Schiaparelli.
„Како жена која ја обожава модата, многу сум возбудена за започнувањето партнерство со The Bugatti Group. Нивната визија кон мојот бренд е импресивна, а нивната страст за модата е исто толку силна како и мојата“ – изјавила Дион за соработката.






