Селин Дион на спектакуларен начин го означи почетокот на овогодишните Летни олимписки игри. Сега, врвната музичка ѕвезда присуствуваше на првата свеченост по феноменалниот настап на Ајфеловата кула и беше дочекана со овации.
56-годишната пејачка застана на сцената на галата „City of Hope’s Spirit of Life“ и одржа говор пред да додели почесна награда. Таа беше облечена во црна креација.
„Чест ми е што сум тука вечерва и што сум дел од оваа прекрасна и значајна вечер. Ова е првпат да бидам на сцена откако бев на таа кула“ – рече Дион, алудирајќи на Ајфеловата кула.
Оваа гала се одржува со цел собирање на средства за истражување за ракот и за поддршка на лицата кои се борат со опаката болест.
„Оваа организација нуди многу повеќе од важното истражување за ракот кое води до нови лекувања. Таа нуди нега и грижа за луѓето во моментите кога им е најпотребна. Ја обезбедува најскапоцената состојка од сите – надежта“ – рече Селин.
Видео:
Селин веќе неколку години страда од синдром на вкочанета личност (Stiff Person Syndrome) кој ги претвора луѓето во живи статуи. Токму поради тоа нејзиното враќање на музиката со настапот на ЛОИ беше уште поспецијално.
Потсетете се на нејзиниот настап во Париз: