Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сексот и градот 2“ – нови фотографии

„Сексот и градот 2“ – нови фотографии

Како што се приближува премиерата на долгоочекуваното продолжение на „Сексот и градот“, така сè повеќе се откриваат детали од новата возбудлива авантура на четирите хероини.

Настаните во новиот филм се случуваат 2 години по свадбата на Mr. Big и Кери, која се одржа во првиот дел. Во ова егзотично продолжение Кери, Саманта, Шарлот и Миранда ќе отпатуваат во Мароко. Фотографиите од снимањето откриваат дека неразделните пријателки знаат како да се забавуваат дури и сред пустина.

Медиумите пишуваат дека во „Сексот и градот 2“ бракот на Кери ќе наиде на проблеми, а Mr. Big ќе има финансиски неволји како резултат на економската криза. Исто така, Саманта ќе ја продолжи љубовта со атрактивниот Смит.

Селебрити гости во новиот филм ќе бидат Пенелопе Круз, Лајза Минели и тинејџерската ѕвезда Мајли Сајрус.

Сексот и градот 2
Сексот и градот 2 Сексот и градот 2
Сексот и градот 2 Сексот и градот 2 Сексот и градот 2

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.