Сара Џесика Паркер во партнерство со Airbnb им нуди специјална можност на љубителите на „Сексот и градот“.
Отсега, во понудата на Airbnb вклучен е стан уреден исто како апартманот на Кери Бредшо од популарната серија. Истиот од 8 ноември ќе биде достапен за изнајмување за само 23 долари од вечер.
„Поминаа 20 години откако Кери Бредшо зачекори во нашите животи и сега, за првпат, го пресоздадовме нејзиниот иконски апартман од ‘Сексот и градот’. Сара Џесика Паркер ќе стане Airbnb домаќинка на нејзиниот импресивен репертоар за да можете да ги живеете вашите соништа од ‘Сексот и градот’ во Менхетн. Гостите ќе имаат можност да пристапат во нејзиниот иконски плакар исполнет со висока мода, а дури и да уживаат во коктел Cosmopolitan додека добиваат честитка за пречек од самата Сара Џесика Паркер“ – пишува на официјалниот профил на Aribnb на Instagram.
Во апартманот се наоѓа плакарот на модната икона Кери Бредшо и нејзината огромна колекција обувки.