Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот трејлер за продолжението на „Сексот и градот“

ВИДЕО: Првиот трејлер за продолжението на „Сексот и градот“

Пристигна првиот официјален трејлер за новото поглавје од „Сексот и градот“.

Видеото ни открива детали од животот на Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Нокс) и Шарлот (Кристин Дејвис).

Десетте нови епизоди од „And Just Like That...“ ќе започнат да се прикажуваат на HBO Max од 9 декември.

Видео

Од четирите оригинални хероини, единствено недостига Саманта (Ким Катрал), која одби учество во новите епизоди.

И Крис Нолт (Мистер Биг), Дејвид Ајгенберг (Стив), Еван Хендлер (Хари) и Вили Гарсон (Стенфорд) прифатија да ги репризираат нивните улоги. За жал, Гарсон ја изгуби битката со рак на панкреасот пред два месеци.

Сексот и градот

„Сексот и градот“ беше снимена според истоимениот роман на Кендас Бушнел, а шесте сезони беа емитувани од 1998 до 2004 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.