Бритни Спирс со своите два сина со задоволство позираше за семеен портрет на свадбата на својата помала сестра.
Џејми Лин Спирс стапи во брак со Џејми Вотсон. Над 150 гости присуствувале на романтичната свадбена прослава која се одржала во Њу Орлеанс.
22-годишната невеста и нејзината 5-годишна ќерка Меди носеле креации од брендот „Liancarlo“.
Ова е прв брак на Џејми, која претходно ја раскина свршувачката со таткото на Меди, Кејси Олдриџ.