Дилета Леота и Лорис Кариус запливаа во брачните води.
Најзгодната спортска новинарка и германскиот фудбалер се венчаа на бајковита церемонија на италијанскиот остров Вулкано.
Атрактивната невеста, која се смета за една од најубавите Италијанки, блескаше во венчаница со чипка додека се упатуваше кон олтарот. Таа беше придружувана од нејзиниот татко.
Вљубените младенци ја држеа во рацете нивната ќеркичка Ариа.
На прославата присуствувале околу 160 гости, меѓу кои и италијанската блогерка Кијара Ферањи.