Сара Мејс и Димитар Атанасовски ѝ организираа тематска роденденска забава на ќеркичката Илина.
Веселото девојче наполни 5 години облечено во костим инспириран од „Жената чудо“.
Познатиот македонски пар објави фотографии со славеничката Илина и синот Кирил од прославата во нивниот двор. „In a world full of barbies and Wednesday’s, I am so proud that you chose to be Wonder Woman. Среќна 5-ка Илина, вечно насмеана и среќна да си ни“ - напиша Димитар во описот на фотографиите.
32-годишната пејачка и харфистка носеше црвен краток фустан со чипка во горниот дел.