Сара Мејс се подготвува за доаѓањето на овој свет на нејзиното второ дете. Популарната пејачка и харфистка сними семејна фотосесија со сопругот Димитар Атанасовски и ќеркичката Илина.
Во 37-мата недела од бременоста, Сара позираше во црн и портокалов фустан, а слатките фотографии ги објави на Instagram.
Сара и Димитар сега очекуваат момче. Тие стапија во брак во 2017 година, а малата Илина се роди во септември 2018 година.