Синчето на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни една година. Славниот македонски пар организираше роденденска забава за малиот Кирил кој освојува со слатката насмевка.
32-годишната пејачка и харфистка сподели фотографии со славеникот од веселата прослава во двор.
„Една годинкааа. Една најубава година неизмерна среќа со дечково, најпозитивното детенце што се смее и кога ќе се удри. Детенцето што секојденвно ме изненадува и си ги руши сопствените рекорди за колку многу прекрасен може да биде некој. Мајкин, само остани таков каков што си“ – напиша таа во описот.