Адел најави долга пауза од музиката.
За време на последниот концерт во Минхен, 36-годишната музичарка им кажа на своите фанови дека има потреба од пауза и дека сака да го живее животот кој го градела за себе во изминатите години.
@adeleslyrics adele confirms that she will take an incredibly long break! #adele #fypシ #foryoupage #blowthisup #foryou #fyp #viral #fy ♬ original sound - adele
Таа им се заблагодари на сите што беа дел од нејзините музички шоуа и им рече дека никогаш нема да ги заборави.
„Навистина уживав настапувајќи речиси три години, што е најдолго што некогаш сум настапувала и веројатно најдолго што некогаш ќе настапувам.“
„Имам уште 10 концерти... и потоа нема да ве видам неверојатно долго време и ќе ве чувам во моето срце низ целиот мој следен одмор. Ќе фантазирам за овие шоуа и за сите останати шоуа кои ги имав во изминатите три години.“
„Навистина, навистина ќе ги чувам во дното на моето срце засекогаш. Беше неверојатно, само имам потреба од одмор. Ги поминав изминатите седум години во градење нов живот за себеси и сега сакам да живеам во него, сакам да го живеам мојот нов живот кој го изградив“ – рече таа.
Претходно, на истата таа сцена Адел ја потврди веста дека е верна со Рич Пол. Кога нејзин фан покажа знак на кој пишуваше: „Дали ќе се омажиш за мене?“, таа му одговори дека не може затоа што веќе е верена и ќе прави свадба.
Адел и Рич започнаа да се состануваат од 2021 година.
Таа се раздели од Сајмон Конеки во април 2019 година. Со него таа има еден син, Анџело.
Адел се прослави во 2008 година кога имаше само 19 години. Нејзиниот прв албум „19“ стана вистински хит, а по него, таа ги објави и „21“ во 2011 година и „25“ во 2015 година. Последниот албум, насловен „30“ беше објавен во 2021.
Последниот концерт на славната музичарка ќе биде во ноември во Лас Вегас.