Ема Хеминг наполни 42 години. Убавата актерка и модел го прослави својот роденден со најблиското семејство.
Ема ги дувна свеќичките на тортата покрај сопругот Брус Вилис и нивните две мали ќеркички Евелин и Мабел. На домашната забава беа и бившата сопруга на Брус, Деми Мур, како и неговата најстара ќерка Румер.
Славното семејство уживаше во пикник и прошетка во природа.
Иако нивниот брак заврши пред две децении, Деми и Брус негуваат цврсто пријателство. Тие беа во брак од 1987 до 2000 година.
Холивудскиот актер стапи во брак со Ема во 2009 година.