Роберт Билбилов и Лејла Рамковска веќе не ја кријат нивната врска. Новиот македонски пар изминатиот продолжен викенд уживаше во Охрид.
40-годишниот пејач и продуцент и згодната јога инструкторка преку фотографии им покажаа на нивните обожаватели како си поминаа во „македонскиот бисер“.
„Овој викенд беше прекрасен викенд со прекрасна партнерка“ - напиша Роберт.
И Роберт и Лејла зад себе имаат по еден брак. Тој има едно дете со манекенката Ана, додека ќерката на Велија Рамковски има две деца со поранешниот сопруг Сефер Цановски.