Дупер инстантно ја освоија македонската публика. Нивната прва песна „Не сум твој тип“ стана апсолутен хит.
Денес, Роберт Билбилов објави ремикс на популарната песна. „Од толку слушање песнава земав ремикс ѝ направив. Дупер дечки, ваш фан уште од сам старт“ – напиша тој на Facebook.
Оригиналната верзија на „Не сум твој тип“:
Дупер е нов бенд кој го сочинуваат Илчо Нечовски (вокал и бас-гитара) Мартина Баракоска (тапани) и Борис Какуринов (гитара и клавир). Минатиот месец тие ја објавија својата втора песна „Тело за на ТВ“.