Ријана го привлече целото внимание на вечерата на Шопард во Кан организирана во чест на нејзината соработка со луксузниот швајцарски бренд.
За свечениот настан, 29-годишната музичка ѕвезда избра црна креација од Ралф и Русо, сандали од Џузепе Ѕаноти и се разбира, накит од Шопард.










Ријана сподели и фотографии од својот изглед на Instagram.
Славната пејачка, која со години е љубителка на моделите на Шопар, неодамна дизајнираше капсулна колекција накит наречена „Rihanna Loves Chopard“.





