Кога Ријана ќе зачекори на црвениот тепих, сите глави се вртат кон неа. Славната пејачка едноставно не е возможно да помине незабележана.
На доделувањето на Греми наградите, 28-годишната музичарка од Барбадос се појави во дводелна креација од високата мода на Армани. Портокаловиот горен дел ја отскриваше нејзината голема тетоважа од божицата Изида, која музичката ѕвезда си ја истетовира во спомен на нејзината покојна баба.
Стајлингот на Ријана вклучуваше и чантичка од Роже Вивие и накит од Дејвид Веб и Шопард.