Рита Ора и Таика Ваитити стапија во брак. Според информации од странските медиуми, парот се заколна на вечна љубов на интимна церемонија во Лондон.
Веста ја потврдил извор близок до парот. „Беше навистина интимна церемонија и супер специјална за сите таму. Нивните најблиски можат да видат колку се лудо вљубени“ – рекол изворот.
Славната пејачка си го сменила презимето во Ваитити-Ора.
31-годишната музичка ѕвезда и 46-годишниот режисер на најновите фотографии на социјалните мрежи носат бурми.
Рита и Таика се во врска од мај 2021 година, а за првпат зачекорија заедно на свеченост во август минатата година.