Ребека Јанковска Ристески ја запознавме на македонската музичка сцена, потоа беше ангажирана како продуцент и автор на телевизиска емисија, а денес е активист и основач на здружение на граѓани, но пред сè, сопруга и мајка на три сина.
Шармантната пејачка ги сподели своите размислувања и ставови за убавината и негувањето, откри што сè се крие во нејзината чанта, но и што е најважното нешто кое не го знаела пред 20 години.
Филозофијата на нејзината чанта: „Денот за мене е едно бескрајно клопче од волница кое се одмотува. Некогаш имам амбициозни планови што скромно завршуваат, некогаш можам да си дозволам сенешто, а од мене како водач на дружина мускетари се очекува да бидам секогаш подготвена на сé. Така во мојата чанта има пелени, влажни марамчиња, шминки, телефон, клучеви, по некоја играчка, хартиени марамчиња, мастики, вода и половина продавница за детска гардероба и додатоци.“
За забавата во секојдневието: „Моето секојдневие е толку напорно во моментов, со три мали деца, што е неодоливо забавно колку е понекогаш сé неостварливо. Моите очекувања од тоа што треба да му понудам на моето семејство секој ден се толку големи, што мојата борба да постигнам сè во кратко време е комплетна бурлеска во која уживам.“
За омиленото парче облека за цел живот: „Она што ме потсетува на некоја безгрижност и убави денови, ми нуди комоција, ме прави да се чувствувам млада и витка, па тоа би морало да биде џинс.“
За патувањата: „Патувањата за мене се едни од најисплатливите форми на интроспективност. Порано талкав по светот барајќи забава до бесконечност, сега сакам да патувам за да видам и доживеам некакво исполнување. На пат најчесто си го носам семејството и секако сите нивни мали и големи потреби. Едно од неизбежните нешта во нашиот багаж се Eucerin pH5 производите за осетлива кожа, погодни за нас возрасните, за деца и за бебиња, а во нашето семејство има претставници од сите старосни групи.“
За убавината: „Јас многу ја почитувам убавината, ѝ се восхитувам, не како појавност, туку како манифестација на некои природни закони. Убавината за мене е интегритет и трпение, храброст и нежност, истрајност и толеранција, цврстина и благост, едноставно однос и почит кон животот. Сум видела убави луѓе и верувајте ми, тоа е најдобрата креација на природата.“
За негувањето: „Уживањето во своето секојдневие, присутноста во моментите што ги споделувате, љубовта кон животот и кон најблиските е најдобриот козметичар за една дама. Но, она што ми го одзема уморот и исцрпеноста од дневниот начин на живот, го обновувам со Еуцерин кремата за лице и со pH5 лосион за тело со хидро-формула.“
За мудроста која доаѓа со годините: „Она што не го знаев пред 20 години е дека моја обврска е да му дадам значење на животот што го живеам. Да бидам со четири очи отворени, чулна кон промените и она што ме опкружува. Да уживам во децата, семејниот живот, хармонијата, здравјето и секој миг да го користам за да дадам љубов и добрина. Бидејќи јас сум убедена дека кругот на добрината треба да почне од мене.“