Рајан Рејнолдс е заводникот од јануарското издание на „Variety“.

„Имам три постари браќа. Нашиот татко беше строг. Не се однесуваше меко кон никого. Беше строг и кон себеси. Сметам дека така се појави анксиозноста, додека се обидував да ги контролирам другите преку обидот да се контролирам себеси. Во тоа време не го препознав тоа. Јас бев нервозно дете“ – рекол Рајан.
Рејнолдс признал и дека Блејк секогаш го смирувала, особено пред премиерата на „Deadpool“. „Луѓето полудеа. Очекувањата ме јадеа жив. Блејк ми помогна да се справам со тоа. Среќник сум што ја имам до мене за да не полудам“ – изјавил познатиот актер, кој неодамна доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.


Рајан и Блејк стапија во брак во септември 2012 година и заедно имаат две ќеркички.


