Откако го прогласи Дејвид Бекам за Најсекси маж на светот, списанието People го избра Рајан Рејнолдс за Најсекси татко на светот.
39-годишниот актер, кој има ќерка со Блејк Лајвли, изјавил дека за него не е проблем што е опкружен со естроген и дека тајно посакувал да му се роди девојче.
„Никогаш не признав гласно, ниту пред себе, ниту пред жена ми, но навистина сакав мало девојче. Најубаво е“ – рекол Рајан во интервју за People.
Рајан и Блајк станаа родители на 16 декември 2014 година, кога им се роди ќерката Џејмс.