Канаѓанецот Рајан Рејнолдс е прогласен за најсекси маж за 2010г. од списанието „People“.
Освен со неговата одлична форма и фантастични стомачни мускули, Рајан воодушевува и со својот хумор, па токму поради тоа и застанал на врвот на овогодинешната листа.
Рајан признава дека ваквата титула ќе им даде инспирација на членовите на неговото семејство да му се потсмеваат. Тој е најмал од 4 браќа, така што сигурно ќе добие неколку шеги на негова сметка.
34-годишниот актер очекува и неговата сопруга Скарлет Јохансон да ја искористи неговата најнова титула за шегување. „Сега ќе биде: Најсекси мажу, исфрли го ѓубрето“ – се пошегувал тој.
Рајан успеа да ги победи Џон Хем, познат по својата улога во „Mad Men“, Келан Лутз од „Twilight“, Дрејк и Метју Морисон. Еве кои се останатите мажи што ги зазедоа челните 10 позиции на оваа листа: