Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ракавица на Мајкл Џексон продадена за 350 000 долари

Ракавица на Мајкл Џексон продадена за 350 000 долари

Ракавицата на Мајкл Џексон

Блескавата ракавица, која Мајкл Џексон ја носеше вечерта кога за прв пат го изведе „месечевиот танц“ на телевизија, се најде сред сувенирите понудени за продажба на аукција организирана од акционерската куќа Julien's Auctions.

Овој аксесоар беше дел од имиџот на поп иконата Мајкл Џексон, кога тој настапи на шоуто на дискографската куќа „Мотаун“ во 1983г. и го покажа својот незаборавен „месечев танц“.

Популарната ракавица е всушност обична ракавица, врз која се прилепени вештачки дијаманти.

Пред да започне аукцијата беше проценето дека ракавицата на легендарниот пејач ќе достигне вредност помеѓу 40 000 и 60 000 долари. Но, популарноста на Мајкл Џексон придонесе оваа ракавица да се продаде за неверојатни 350 000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20931 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.